1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

 | 09.02.2010 | 10:00 UTC

Нимиц во Скопје на 23 февруари

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на 23 февруари доаѓа во Скопје на разговори со македонските власти, потврдија од македонското министерство за надворешни работи (МНР).

Овој предложен датум од страна на македонската влада медијаторот Нимиц го прифати, и го потврди своето доаѓање во Скопје, велат од МНР.

Во македонското МНР се надеваат дека наскоро и грчката страна ќе усогласи термин со медијаторот Нимиц за посета на Атина.

Портпаролката на ОН Ванеса Маестрачи вчера соопшти дека амбасадорот Нимиц работи на усогласување заеднички прифатлив датум за посета на регионот на покана на владите на двете земји. Датумот ќе биде објавен откако ќе биде постигнат договор за тоа.



 

DW-TV EUROPE live

Talking Germany - The German Way of Life

We're sorry, due to legal issues this content can not be transmitted as live stream.

If you are inside the United States, it is still possible for you to enjoy DW-TV. For more information, please click here.

  • Дојче Веле не носи одговорност за содржината на надворешни интернет-страници.