1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Балкан  | 09.02.2010

Атеизмот-одговор на верското помодарство

 

Во Нови Сад е основано здружението „Атеисти на Србија“, чија цел е да се бори за почитувањето на начелото дека црквата е одделена од државата. Тоа е одговор на состојбата во која е пожелно да си верник, велат експертите.

 

Филозофот и проучувач на религијата Мирослав Кавеџи и социологот на религија Мирко Ѓорѓевиќ за ДВ велат дека создавањето на здружението „Атеисти на Србија“ е природна реакција на зголемениот степен на клерикализација на земјата во последните дваесетина години и на масовното религиозно помодарство кое е распространето меѓу оние кои некогаш беа загрижени комунисти:

„Мислам дека е сосема нормално и оправдано да се појави и таков вид здружение, зашто позицијата вообичаено предизвикува опозиција. Со оглед дека денес е популарно да си верник, тоа значи дека е непопуларно да си неверник. А поголем проблем е што непопуларно е и да си рационален и научно да се занимаваш со реалноста“, вели Кевеџи.

„’Атеисти на Србија’ настана како еден вид нужен рефлекс на клерикализацијата во општеството, која доби такви размери, што религијата и системот на религиозност се наметнува како еден систем на идеолошка пресија“, дополнува Ѓорѓевиќ.

Само 40 илјади атеисти во Србија? Во Србија е пожелно и подобно да се биде верникBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Во Србија е пожелно и подобно да се биде верник

Според последниот попис на населението од 2002 година, само 40 илјади лица во Србија се изјасниле дека се атеисти:

„Не верувам дека е токму така. Во медиумите и во јавноста изгледа како да сме малцинство, но познавајќи ги луѓето окоу себе, сметам дека во Србија има голем број атеисти“, вели Душко Медиќ, член на „Атеисти на Србија“.

Тој објаснува и зошто се зачленил во здружението:

„Затоа што сакам јас и луѓето кои се слични на мене да имаат право да го изразуваат својот атеизам и да не бидат анатемисувани поради тоа“.

Мирко Ѓорѓевиќ додава дека црквата нема причина да стравува од атеистите:

„Христијанската црква се соочува со нешто што за неа е десет пати поопасно и попредизвикувачко од атеизмот, а тоа е религиозниот плурализам. Колку и да има црква, нема ниту една која не е во кавга со другите околу приматот над вистината со големо В.“

Религиската култура на ниско ниво

Социологот на религија Ѓорѓевиќ смета дека суштинскиот проблем со кој се соочува Србија во поглед на религијата е следниов:

„За жал, религиската култура кај нас е на ниско ниво, иако имаме цела армија социолози на религијата“, истакнува Ѓорѓевиќ.

Инаку здружението „Атеисти на Србија“ иницијално настана како една од групите на популарната интернет социјална мрежа „Фејсбук“ , а потоа и во реалноста.

 

Автор: Динко Грухоњиќ/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска

 
 

Feedback »Испрати »Печати »

Други теми

 
Share this article


  • Дојче Веле не носи одговорност за содржината на надворешни интернет-страници.