Наука | 08.02.2010
Ѕидови со очи и уши и предмети што зборуваат!
Веќе е сосема извесно дека поради демографските промени во 2035 година Германците ќе бидат најстара нација во светот. Повеќе од половината ќе бидат постари од 50 години, а секој трети постар од 60 години, што прeтставува предизвик за научниците, општеството и политиката како полесно да се организира живеењето во староста. Уште сега се нудат различни концепти кои ќе овозможи луѓето што подолго да живеат во сопственото опкружување и дом. Ова би било секако возможно доколку се обезбедат услови кои ќе ја гарантираат сигурноста и кои технички ќе им помогнат на сениорите да го уживаат колку што е можно подолго независно и достоинстевно секојдневието.
Витални регистратори
И ѕидовите имаат очи и уши! Барем оние од проектот тежок 2,9 милиони евра што до 2013 година го спроведуваат неколку клиники, универзитети, медицински амбуланти и електронски фирми од Линебург, Кобленц, Хамбург, Касел. Идејата е со најсовремени сензори континуирано да се проверува здравствената состојба на сениорите. Покрај виталните податоци - фреквенцијата на дишењето или на срцето, сензорите ја регистрираат позицијата на лицата во просторијата. Новото е што мерните уреди - сензорите се инсталираат во ѕидовите. Тие се толку чувствителни што можат да ги регистрираат промените и на оддалеченост од осум метри. За идентификација сениорите носат индивидуална сензорска картичка. Секоја драстична промена преку сензорите ги алармира медицинарите или оние кои се задолжени за згрижување на старите лица.
Огледалото - потсетник
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:
Ако ѕидовите во случајот имаат очи и уши кои следат што се случува со возрасните лица во домот, со проектот на Фраунхофер Институтот за микроелектроника, предметите дури и говорат и даваат упатства.
" Овде презентираме демонстартор за купатило кое дава поддршка. Целна група се постари лица кои се лесно дезориентирани или со почетна старечка деменција” Вели Ајшеѓул Гоганѓун, информатичар од Институтот чија група посебно го развила мијалникот со огледалото кое е потсетник за хигиената и активностите во денот.
Огледалото е така конструирано што на горниот дел содржи информации: календар, кој дел е од денот, колку е часот, какво е времето ... Во долниот дел може да се одреди температурата на водата или по желба да се вклучи музика. Постои можност да се активира и функцијата за прием на дневни вести преку интегрираниот софтвер и интернет, кои се регистрираат на огледалото. Потсетник за хигиената на пример миењето на забите е што по сензорски активираната чешма на долниот дел од огледалото се појавува слика на заби која асоцира на активностите што треба да следуваат.
На огледалото е и потсетнкот за
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Огледалото го активира и сандачето со лекови - кажува информатичарот Ајшеѓул Доганѓунлекови кој дневно трипати се активира и го осветлува сандачето за медикаменти. Кога истото ќе се отвори, со различни светилки се покажува вистинската кутија со лекот. Дневните термини, посета на лекар или вечера кај соседите, се исцртуваат средишно на огледалото. Редоследот на активностите може да се дополни и со говорни информаци.
“Волшебно” чергиче
Ако очите и ушите на ѕидовите и говорот на предметите што ги опкружуваат сениорите во моментов се уште се’ во фаза на експеримент, мошне реално и применливо е подното килимче од полиуретан, гума, ПВЦ и велур кое е чувствително. Како на сопствена кожа ги регистрира стапалките од 16 те сензорски полиња.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Сензорското чергиче го регистрира секој чекор вели Аксел Штајнхаге
“Подното килимче се става пред креветот на лице кое е тешко подвижно или сенилно. Тоа препознава, односно испраќа сигнали веднш штом се стапне на него и автоматски ги вклучува светилките. Или, реагира доколку лицето при станувањето падне. Многу често се случува при станување од кревет или во бањата луѓето да паднат. Тоа се дури 80 проценти од повредите кои се случуваат во Германија. Подната покривка препознава дека едно лице паднало и го вклучува алармот". Објаснува Аксел Штајнхаге од фирмата "Фјучер Шеип" од Хохенкирхен Зигертсбрун во близина на Минхен.
Алармот може да биде поврзан на пример со главната соба во еден дом за згрижување на стари или пак да испрати смс порака до еден одбран број (ќерката или синот на лицето).
Килимчето е стандардизирано на три големини и зависно од материјалот тежи од 3 до 9,5 килограми. Се произведува со машини за текстил. Има големо интересирање зашто не станува збор за научна фантазија, туку за реален производ кој го олеснува животот на оние кои се грижат за сениорите, во специјализираните установи и во болницигте. Дали ваквите килимчиња чинат богатство?
"Што значи скапо? Се‘ е релативно и се ориентираме според пазарот. Има подни прекривки кои се многу едноставни и реагираат само на стапнување при што се активира сијалица. Не покажуваат и не пренесуваат дали некој паднал или не. И бидејки е медицински производ, чинат околу 1.000 евра. Но, со вградени сензори и различни трансформатори и преносни уреди кои алармираат, активираат брза помош или одреден телефон, нормално дека чинат повеќе..." Дополнува Аксел Штајнхаге.
Автор: Силвера Падори-Кленке
Редактор: Жана Ацеска












